Општина Охрид организира промоција на летна туристичка сезона Манифестација „Лето 2013“

Општина Охрид организира Промоција на летна туристичка сезона Манифестација „ЛЕТО 2013“ и Промоција на целокупната туристичка понуда од Охрид.

Се покануваат сите угостителски објекти (хотели, ресторани, кафетерии, ноќни клубови) на работен состанок кој ќе се одржи на 19 јуни (среда) со почеток во 12:30 часот во Голема Сала на Општина Охрид, со цел да ги поддржат активностите планирани во склоп на оваа манифестација за утврдување на нивната понуда во истата, како и нивно промовирање.