Ока Николов ќе печали во САД

Ока Николов кариерата ја продолжува во САД во тимот на Филаделфија Унион.

„Горди сме што имаме играч како што е Николов, со неговото искуство, тој е одлично засилување за тимот, најмногу како ментор за младите голмани“, изјави тренерот на Филаделфија Унион, Џон Хакворт.

Откако Николов во 1994 година потпиша за Ајнтрахт Франкфурт, тој помина скоро 20 години во овој клуб, настапувајќи на 414 натпревари, од кои 229 во Бундеслигата. На крајот од оваа 2012/2013 сезона, 39 годишниот Николов бранеше на 8 натпревари со што му помогна на Ајнтрахт Франкфурт да го освои 6-то место во Бундеслигата и да биде дел од УЕФА Европа Лигата наредната 2013/2014 сезона.

Иако Николов е роден во Германија, тој има македонско потекло и настапуваше пет пати за репрезентацијата на Македонија.