Три лица загинаа во силос во Холандија

Три лица загинаа откако паднале во силос за ѓубриво на северот од Холандија, додека пак четвртото лице е спасено, но се наоѓа во критична состојба, соопшти полицијата. Несреќата при која загинале трите лица се случила на работното место на силос во Маккинга.

Според првичниот увид, четворицата работници кои паднале во силосот биле во несвест. Истрагата продолжува, а други детали за оваа несреќа не се соопштуваат.