Од денес календарски започнува летото

На северната Земјина полутопка денеска 21 јуни календарски започнува летото и ќе трае до 22 септември кога почнува есента. Во исто време за жителите на јужниот дел на Земјината полутопка почнува зимата.

Летото почнува во 7:04 част, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка.

За првиот летен ден метеоролозите најавуваат сончево и многу топло, со температура до 31 Целзусови степени.