Град со големина на тениски топки ја погоди Инџија

Најмалку 30 лица се полесно повредени поради силното невреме проследено со град со големина на тениски топки во Инџија, Србија.

Невремето кое се случи синоќа најпрво во 22:15, а потоа и 15 минути покасно, предизвика голема материјална штета. Оштетени се голем број автомобили, а и кровови на куќи. Штетата која што невремето ја направи во Инџија ќе биде прецизирана во текот на денот.

извор: РТС