Дејан Пановски на работна средба за водените басени во ОН во Женева

DejanPanovski

Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро учествува на работна средба за водените басени во Обединетите Нации во Женева.

Пановски ќе го презентира напредокот околу проектот за дримскиот басен со осврт на неопходноста на уште поголем меѓународен интерес и внимателност посебно околу заштита на Охридското Езеро како изворен дел на басенот.

За басенот веќе се одобрени 4,5 милиони долари за три земји, што е најголема обезбедена инвестиција во басенот преку ГЕФ, а плус се работи за инвестицијата од ГИЗ за климатски промени и нивна адаптација во басенот.