Сакате да возите трактор по Охридско Езеро?! Зошто да не!? Сега и тоа е можно. Новата содржина „трактор-педалинка“ која за прв пат оваа година се појавува во Охрид и претставува вистинска атракција, буди интерес и кај нашите сограѓани и кај туристите.
„Тракторите работаат на систем на педалинка, нови се, произведени се во Тексас, Невада, цената им е 5200 долари, а ги донесовме од Америка, од Флорида. Сигурни се, обезбедени со појаси. Интерес има, затоа што се нови, секој сака да ги проба, значи градов има потреба за ваква содржина, затоа и ги донесовме. Имаме 5 вакви трактори-педалинки, 2 се поставени овде на Кејот, а другите ќе бидат поставени во Лагадин и на плажата Немо“, – изјави за WebOhrid, Александар Трајкоски, човекот кој ги донесе овие „трактори“ во Охрид.
Бидејќи се работи за нова содржина, цената сеуште не е дефинирана, но неофицијално за еден час би изнесувала 200 до 300 денари.