1000 загинати во поплавите во Индија, а 8000 чекаат евакуација

Во поплавите кои ја погодија Индија околу 1000 луѓе загинаа, а додека пак 8000 чекаат да бидат евакуирани. Овие поплави се најголеми во последните 80 години, а предизвикаа и големи лизгања на земјиштето.

Се предвидуваат дождови и за наредниот период, а индискиот државен тим за управување со вонредни состојби потврди дека до сега животот го загубиле 580 луѓе, но многу треба сеуште да бидат извлечени од области кои се сосема отсечени.

Поради лошото време откажани се хеликоптерите и евакуацијата по воздушен пат, со што многу луѓе останаа без храна и вода во подалечните области.