Со цел што подостојно да се претстави Охрид пред светската јавност пред почетокот на најзначајниот културен настан „Охридско лето“, Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведува широко-опфатна акција за чистење на локалитетите во стариот дел од градот каде ќе се изведува уметничката програма. Етапно се чистат локалитетите: Долни Сарај, Антички театар, Света Софија, дворот на О.У. „Климент Охридски“, пристапните патеки и сокаци. Се расчистува отпадот, хортикултурно се средуваат зелените површини и се метат јавните површини.