Зајакнати мерки во сообраќајот во пресрет на туристичката сезона

Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај отпочна со зајакнати мерки сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат законските одредби за безбедност во патниот сообраќај. Во текот на вчерашниот ден, во времето од 13 до 19 часот активностите беа насочени кон возачите на моторни возила и моторцикли при што контролирани беа вкупно 120  учесници од овие категории. 

И покрај досегашните укажувања, насоки и апели, и понатака евидентна и несфатлива е неупотребата на заштитните кациги-шлемови кај дел од моторциклистите. Кај нив но и кај возачите на други моторни возила евидентирано е управување на возилата со измината важност на сообраќајната дозвола, бесправно управување со моторно возило, неносење возачка дозвола и други прекршоци. По тие основи, сообраќајната полиција од сообраќај исклучи три возила и возачи, изрече шест превентивни предупредувања и четири платни налози за наплата на глоба. 

Во пресрет на главната туристичка сезона, мерките на полициските службеници ќе бидат интензивирани и кон пешаците кои не ја почитуваат вертикална и хоризонтална патна сообраќајна сигнализа- ција и преминуваат коловози на необележани места. Превентивни но и други мерки ќе се преземаат кон неправилно и непрописно парки- рани моторни возила на пешачки премини, во крстосници, на тротоари на пешачки и велосипедски патеки и на други места каде се попречува нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.  

Вакви превентивни, но и казнени мерки кон учесниците во сообраќајот кои ги нарушуваат законските одредби ќе се спроведуваат во текот на целата туристичка сезона. Оттука повикуваме на почитување на сообраќајните правила и прописи посебно на носење и користење на заштитните кациги од страна на возачите на мотори и моторцикли.