Ј.П. „Охридски Комуналец“ веќе ја информираше јавноста дека во соработка со Н.У. „Охридско Лето“ од понеделникот започна акција за расчистување на локалитетите каде ќе се изведува уметничката програма на овој реномиран фестивал.
Во рамките на акцијата се изврши етапно чистење на дворот од катедралнта црква Св.Софија, поширокиот реон од античкиот театар, летната сцена на Долни Сарај и дворот на О.У. „Св.Климент Охридски“.