Таштаноски и Бунташеска продолжуваат да нижат успеси

Никола Таштаноски и Бранка Бунташеска продолжуваат да нижат успеси и повторно освоија сребрен медал во еден месец.

Првиот сребрен медал го освоија на интернационалната олимпијада INEPO (INternational Environmental Project Olympiad) која се одржа во Истанбул, Турција. На истоимената олимпијада учествуваа со научен проект кој беше продолжение на минатогодишното истражување. Темата на проектот беше од областа на хемијата со огранок Енергетика, Еколошко напојување на планетата Земја со органско изработени клетки, како обновлив извор на енергија, а се натпреваруваа против 113 проекти од целиот свет.

Вториот сребрен медал го освоија на меѓународната олимпијада за генијалци GENIUS (Global Environmental Issues and US) која се одржа во Њујорк САД. Се натпреваруваа против 325 проекти од целиот свет кои беа селектирани од вкупно 710. На олимпијадата учествуваа 52 држави и 32 американски држави, а се претставија со краткометражен филм кој го режираа Никола Таштаноски и  Бранка Бунташеска насловен како „We are guests, not owners“.

DSC_0586DSC_0083