Повторно почувствуван земјотрес во Охрид

По серијата земјотреси во Грција во текот на вчерашниот ден, денес повторно во 15:28 часот беше почувствуван слаб земјотрес во Охрид и југозападна Македонија.

Епицентарот на земјотресот е во Грција, на околу 20 километри јужно од Кожани, со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала. На овој земјотрес му претходеше уште еден послаб земјотрес со интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

WebOhrid