Моменталното задржување на српските гранични премини за патнички возила е околу 30 минути, додека пак сообраќајот на целата територија на Србија е со умерен интензитет, соопшти Авто Мото Сојузот на Србија (АМСС).
Со оглед на тоа дека летната туристичка сезона е во тек, зголемениот сообраќај се очекува наредните денови особено за време на викендот на најфрекфентните патни правци кон Македонија и Црна Гора.
Според информациите на ЈП „Патишта Србија“, на делниците на кои се изведуваат градежни зафати, односно на кои се присутни патари со механизација, режимот на сообраќај е изменет и успорен. Затоа на возачите им се препорачува да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, а брзината на возење да ја прилагодат според условите на патиштата.