Со глед на последните случувања и внатрешни немири во Египет, при што повеќе градови беа зафатени со протести проследени со насилства и човечки жртви, Министерството за надворешни работи им препорачува на сите македонски граѓани кои патуваат или планираат да патуваат во оваа земја, да ги избегнуваат местата каде што може да има протести или масовни собири и да обрнат поголемо внимание за сопствената безбедност.
Воедно, на македонските граѓани им се препорачува редовно да ја следат состојбата во Египет, како и да го контактираат Министерството за надворешни работи за евентуални дополнителни информации, а во случај на потреба за асистенција и помош, македонската Амбасада во Каиро.