Средба на министерот Нухиу со претставници на Европската федерација на новинари

Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу оствари средба со претставници на Европската Федерација на новинари, Европскиот центар за слобода на печат и медиуми придружувани од Претседателот на Здружение на Новинари на Македонија Насер Селмани.

„На средбата со претставниците на Европската Федерација на новинари, Европскиот центар за слобода на печат и медиуми ветивме дека вратите на Министерството за внатрешни работи ќе бидат отворени за претставниците на медиумите кои се залагаат за објективно и професионално новинарство. Сугестиите за поголема безбедност на вработените во медиумите и почитувањето на професионалното новинарство секако дека ќе имаат влијание врз повторно разгледување на мерките и активностите на МВР за почитување на оваа демократска вредност“ истакна министерот Нухиу.