Хотелот „Сала Силвергрува“ во близина на Стокхолм се наоѓа на длабочина од 155 метри под земја. Хотелот е изграден во поранешен рудник за сребро, има неколку соби, некои од нив се наоѓаат на површина, а останатите длабоко под земја.
Необичниот угостителски објект е опремен по највисоки стандарди, а располага и со луксузен апартман, сместен на самиот крај од рудникот, на 155 метри длабочина, во кој едно ноќевање чини 500 евра.
Хотелот им нуди на гостите можност за прошетка на напуштените окна и да научат возбудливи поглавја од историјата на индустријализацијата.
Дел од рудникот е преуреден во простор за културни манифестации, прослави, венчавки и конференции.