Започнува меѓународен камп за млади „YESCO SUMMER CAMP“

Во организација на Црвен крст Охрид од денеска започнува петдневен меѓународен камп за млади  YESCO SUMMER CAMP. На кампот, кој ќе се реализира во Тренинг центарот на Црвен крст Охрид во с.Велестово, учество ќе земат 50 млади на возраст од 15-19 години од Охрид, Ужице и Крагујевац, кои со своите ментори, промовирајќи и негувајќи ги универзалните вредности како што се недискриминација, толеранција, култура на дијалог, ќе се стремат да ја остварат целта на овој камп – јакнење на моќта на младите, развивање на нивните лидерски и комуникациски способности и нивно активно вклучување во промените во општеството преку сопствениот волонтерски ангажман.

Yesco2