Откако даде налог веднаш да се пристапи кон санирање на штетите на зградата број 4 на Булеварот „Туристичка“ настанати од пожарот кој изби од броилата за електрична енергија, градоначалникот Бакрачески во неколку наврати ги посети станарите на оваа зграда. Градоначалникот Бакрачески денеска повторно ја посети опожарената зграда каде веќе финишираат активностите за санација на истата при што истакна дека е задоволен од интензитетот со кој се одвиваат активностите за санација на настанатата штета. Како што кажа градоначалникот Бакрачески во рекордно време за само неколку 10 дена беа изведени неколку реконструирни работи кои што овозможија брзо враќање во нормала на животот на станарите.
„Во овој влез се промени комплетната електрична инсталација во влезот и во деловите од становите кај што беше оштетена, се сменија дигиталните броила од страна на ЕВН, се реконструираа влезовите и ходниците во зградата. Беа променети скршените стакла, извршено е молерисување и фарбање на оштетените делови од зградата, така да со еден збор можам да констатирам деканаголем дел од работите, 90 % од работите се завршени“, – изјави Бакрачески.
Станарите изразија голема благодарост до градоначалникот и локалната самоуправа за помоштта при санирањето на опожарениот влез.
„Сигурно, во програмата во првите 100 дена не му беше на градоначалникот ова во план, но успеа и ова да го заврши. Многу сме му благодарни, секако сме и возбудени што толку брзо се заврши, се вративме нормално да живееме во нашите домови“, – изјави Белинда Андоновска, жителка на опожарената зграда.
WebOhrid