Асфалтирани делови на повеќе улици

Во рамките на реализирањето на програмата за комунален развој, денеска градоначалникот Никола Бакрачески со соработниците, во употреба ги пушти новоасфалтираните делови од улиците „Карпош Војвода“ и „АСНОМ“.

„Денеска присуствуваме на завршувањето на уште еден од нашите инфраструктурни зафати, што ги планиравме да ги реализираме пред почетокот на туристичката сезона. Го пуштаме во употреба новоасфалтираниот дел од улицата „АСНОМ“ со површина од 1 800 м²“, – рече градоначалникот Бакрачески .

Во изминативе три месеци од доаѓањето на новото локално раководство на Општина Охрид, беше извршено стружење и асфалтирање на дел од улицата „Радојца Новичиќ“ на површина од 9 873 м², стружење, подготовка за нов водовод и атмосферска канализација и подготовка за асфалтирање на улицата „Крум Точков“ на површина од 1594 м², стружење и асфалтирање на дел од улицата „Јане Сандански“ со површина од 1950 м² и стружење и асфалтирање на дел од улицата „Сирма Војвода“ на површина од 4 517 м².

Деновиве привршуваат активностите на стружење, копање, тампонирање (со 200 м³ градежен материјал) и подготовка за асфалтирање на дел од улицата „Петрино“ на површина од 1 526 м² и стружење, крпење на дупки и прекопи и подготовка за асфалтирање на дел од улицата „Богомилска“ на површина од 1 753 м².

asfaltiranjebakraceski4852