Локалната самоуправа, во четврток и петок (11 и 12 јули) ќе го врши второто терестичко запрашување против комарци.
Запрашувањето ќе се одвива на следните локации: крајбрежие на потег од с. Подмоље до Горица, територија на град Охрид, потегот на река Грашница, Коселска Река, крајбрежје пред населбата Св.Стефан и крајбрежје од Автокамп Љубаништа до комплекс Св.Наум во периодот од 00 до 06 часот.
Поради запрашувањето против комарци, Локалната самоуправа ги известува пчеларите на 11 и 12- ти јули (четврток и петок) да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата. Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, терестичното запрашување ќе се изврши во наредниот поволен период.