Група нуркачи во Мексиканскиот залив пронајдоа недопрена, подводна шума стара повеќе од 50 илјади години. Шумата се протега на околу 0.8 квадратни километри, а се наоѓа на 16 километри од брегот на американската држава Алабама, на длабочина од 18 метри.
Прастарата шума ја сочинуваат извонредно сочувани мочуришни чемпреси, кои денес претставуваат живеалиште на разни видови риби, ракови и други морски животни.
По првите анализи, откриено е дека шумата е стара 52 илјади години. Научниците ќе направат уште анализи со цел да откријат како оваа шума успеала да опстои толку долг период. Познато е дека мочуришните чемпреси можат да живеат и повеќе од 1300 години.