Согласно законот за заштита на населението од заразни болести од страна на Општина Дебарца ќе се изврши дезинсекција за уништување на комарците, а врз основа на одлуката на Советот на Општината Дебарца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Дебарца како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебарца дека на ден11.07.2013 год.(четврток), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 19:00 до 06:00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило, со предходница од друго возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Третирањето ќе се изведе со препаратот AQUA K- KONTRINE со активна супстанца DELTRAMETRIN.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.