Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, од 7-ми до 10-ти јули ќе го одбележи 55-то јубилејно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.
Свеченото отворање на фестивалот на 7-ми јули (четврток) во 21.00 часот, со програмата на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ”. Покровител на фестивалот е Собранието на Република Македонија, а свечено ќе го отвори претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.
Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ на најзначајни фолкорни манифестации во светот.
Организирањето на фестивалот е овозможено со финансиска помош на Министерството за култура на Република Македонија и пријателите на фестивалот.
Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот.
Во изминативе години на фестивалот се презентирани околу 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Австрија, Италија, Турција, Кипар, како и од Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија, Шведска, Данска, Финска, Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Мексико Малезија, Коста Рика, Нигерија и други.
ПРОГРАМА 2016
7 ЈУЛИ (Четврток)
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 55- ти БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ СО ПРОГРАМА НА АНСАМБЛОТ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА “ТАНЕЦ”
8 ЈУЛИ (Петок)
• Ансамбл “Александар Македонски” III Мелбурн – АВСТРАЛИЈА
• Ансамбл “Гоце Делчев”, Битола – МАКЕДОНИЈА
9 ЈУЛИ (Сабота)
• Ансамбл од ТУРЦИЈА
• Ансамбл “Китка” Истибања – МАКЕДОНИЈА
• Ансамбл “Македонски Бисери” – АВСТРАЛИЈА
10 ЈУЛИ (Недела) СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ
• Амсамбл “Пловдив” – БУГАРИЈА
• Ансамбл “Искра” – ЦРНА ГОРА
• КУД “Отексфолк”, Охрид – МАКЕДОНИЈА.