Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведе акција за расчистување на диви депонии на четири локации во населбата Свети Стефан (од плажа „Горица 3“ до поранешната детска болница). И оваа акција се спроведе по налог на Комуналната инспекција и се расчистуваше градежен шут, зелен отпад и комунален отпад, кој несовени граѓани и правни субјекти, чистејќи ги своите имоти, ги деградирале горе наведените локации. Ангажирана беше специјална механизација, 4 работници и подигнати се околу 30 м³ отпад.
Во интерес на туризмот и граѓаните, ниската еколошка свест на поединци, не смее да го нарушува имиџот кој го негува Охрид како наш најпознат туристички центар.