Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од 2,5 до 3 денари. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 4,11%.
Цената на ЕУРОСПЕР-БС95 се зголемува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 81 денар за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ поскапуваат за 3 денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83 денари за литар, додека пак на ЕУРОДИЗЕЛ 70 денари за литар. Исто така и Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 3 денари, новата цена е 59 денари за литар.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 47,5463 ден/$ и е за 1,48% повисок од курсот на доларот (46,8543 ден/$). Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 106,813 $/барел и е за 4,05% повисока од просечната цена на сурова нафта (102,654 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
WebOhrid