Сергеј Малов познатиот руски виолинист вечерва во 21:00 часот ќе има настап во Црквата Света Софија, како дел од програмата на фестивалот “Охридско Лето” со изведба на програма од Бах и Барток. Покрај виолина и виола, Сергеј Малов активно свири на виолончело da Spalla направено специјално за него од Д. Бадјаров.
Добитник на првата награда на меѓународните натпревари “Michael Hill“ (Нов Зеланд), “Mozart” (Салцбург), “Jasha Heifetz” (Вилнус), како и на Меѓународниот натпревар по виола во Токио, Сергеј Малов успешно се претставил на двата натпревара „Паганини“ (во Џенова и во Москва) и на натпреварот по виола од 2008 година (Минхен). Студиите по виолина ги завршил на Универзитетот „Моцартеум“ во Салцбург и на Високата музичка школа „Ханс Ајслер“ во Берлин, работејќи со реномираните професори Татјана Либерова, Томас Рибл, Антје Вајтхаас (во чиешто студио е асистент-педагог), Еберхалд Фелц и џез виолинистот Андреас Шрајбер. Малов настапува со водечките европски оркестри (Оркестарот на Баварското радио, Филхармониите во Лондон, Москва и Санкт-Петербург, Camerata Salzburg и др.), како и со познатите светски музичари-изведувачи. Особено ја цени креативната соработка со современите композитори, меѓу кои Гијом Конесон и Кристоф Еренфелнер кој му го посветил на Малов неговиот солистички двоен концерт за виолина и виола Hommage à St. Petersburg. Покрај виолина и виола, Сергеј Малов активно свири на виолончело da Spalla направено специјално за него од Д. Бадјаров.