Слуз од полжав за совршена кожа

Замислете си полжави кои ви лазаат по лицето. За некои тоа звучи како кошмар, но една јапонска козметичка компанија е убедена дека луѓето, особено дамите, се спремни да платат за да бидат поубави.

Оние кои сакаат да се ослободат од мртвите ќелии од кожата, да ги исчистат порите и да го подмладат лицето, ќе можат да го искусат овој необичен третман.

„Полжавите, односно нивниот слуз помага во отстранување на мртвите ќелии од кожата, всушност кожата се опоравува после изложеноста на сонце и и ја враќа влажноста“, изјави Манами Такамура, претставничка од козметичката куќа со седиште во Токио.

Се верува дека слузот од полжавите има анти-ејџинг ефект, а во продажба можат да се најдат и некои креми со екстракт од полжав.

Овој третман трае пет минути и чини 10500 јени (106 долари).

Една од првите клиентки која ја искусила ова терапија изјави дека чувството е многу пријатно и дека делува релаксирачки.