Храната во Хрватска поскапа за дури 60%

Во последната година, цената на храната во маркетите ширум Хрватска се зголеми од 40% до 60%. Од дури 79 производи кои најчесто се купуваат само еден производ е поевтин во однос на јули минатата година. Очигледно е дека овој тренд на повисоки цени и понатака ќе се задржи. Последните месеци намалена е потрошувачката кај граѓаните, а се купуваат само најнеопходни производи, како што се лебот и млекото.

Со влегувањето на Хрватска во ЕУ најавени се пониски цени на млекото и месото, но тоа сега-засега сеуште не е случено. Домашните произведувачи се жалат дека дури и се увезуваат од Полска јаболка со лош квалитет, стари и до две години, а сепак се продаваат за 2,5 евра.