Пештерските луѓе цртале под дејство на халуциогени дроги?

Цртежите во пештерите кои ги нацртале пештерските луѓе и за кои се смета дека го прикажуваат светот, всушност претставуваат халуцинации кои настанале додека нивните автори биле под дејство на халуциогени дроги, се наведува во најновото истражување на експертите од Универзитетот во Токио.

Истражувачите ги изучувале пештерските цртежи од разни краеви на светот и заклучиле дека шарките кои постојат на нив потсетуваат на оние кои ги цртаат современите уметници под дејство на опијати.

Растенијата кои ги јаделе пештерските луѓе за време на духовните ритуали можеби содржеле халуциогени супстанци и потрагата за тие растенија бил важен дел од нивниот живот. Истражувачите тврдат дека пештерските луѓе ги барале овие дроги за нивните визии да добијат поголемо значење.