Претседателот Иванов го посети кампот на извидници во Скребатно

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го посети извидничкиот камп во село Скребатно.

Околу 450 извидници, сместени во атарот на манастирот „Света Богородица“ кај Скребатно во наредните десетина дена ќе бидат дел од 11та извидничка смотра на Сојузот на извидници на Македонија. Извидниците ќе едрат, стрелаат, возат глисери, ќе градат логори и ќе учествуваат во многу авантуристички предизвици.

„Навистина е прекрасно чувството да се биде меѓу толку млади луѓе, ентузијасти, кои дошле во Македонија, да се запознаат со своите врсници, со своите пријатели и да стекнат нови познанства, да учат за новите вештини и да совладуваат знаења за ориентација во природа. Навистина, треба да им се честита на Сојузот на извидниците што еве 60 години генерации и генерации ги вовел во сево ова, да имаат љубов младите кон природата, да се ориентираат младите во природата, да се снаоѓаат и да уживаат во овие предели кои навистина Охрид ги изобилува. Така што, ако не беше оваа извидничка средба, немаше да знаеме, дека освен езерото, Охрид има и вакви убавини и предели кадешто младите во вакви кампови можат да се дружат, да учат, да совладуваат вештини и да го продолжуваат она наследство, традиција, што ни ги оставиле старите извидници нам“, изјави претседателот Иванов за време на посетата на извидничкиот камп во село Скребатно.

Skrebatno3