Пораз за Вардар од Стеауа и во повратниот дуел во Скопје

Во повратниот дуел од двомечот во квалификациите за Лигата на шампионите, нашиот претставник Вардар беше поразен уште еднаш, овој пат со 1:2 на домашен терен во Скопје, од тимот на Стеауа.

Гостите влегоа во овој натпревар со висока предност од 3:0, која ја обезбедија на домашен терен. Поведоа уште во 23 минута, а за Вардар во 45 минута по прекрасниот удар со глава изедначи Јован Костовски.

Иако желбата на Вардар да се дојде до победа беше голема, сепак со вториот гол на Стеауа во 72 минута згаснаа сите надежи за нашиот претставник во Лигата на шампионите. Стеауа со вкупен резултат од 5:1 оди во следното коло, каде ќе игра против тимот на Динамо Тбилиси од Грузија. 

Нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски повторно го одигра целиот натпревар за Стеауа.

WebOhrid