Американците купуваат два аеродроми во Европа

Шпанската група Албертис соопшти дека договорена е продажба на два аеродроми во Европа на американската фирма ADC & HAS Airports Worldwide.

Вредноста на трансакцијата изнесува околу 384 милиони евра. Откако ќе биде одобрено од страна на регулаторните органи ADC и HAS ќе бидат сопственици на аеродромите во Белфаст и Стокхолм.

Под управата на Албертис се наоѓаат десетина аеродроми, меѓу кои и во Лондон и Орландо на Флорида. Во јуни оваа компанија објави дека планира да го продаде капиталот на лондонскиот аеродром Лутон. Минатата година владата на Велс се договорила да го купи од Албертис аеродромот во Кардиф за 61 милион евра.

Меѓународниот аеродром во Белфаст е втор по големина во Ирска и има 4,3 милиони патници годишно. Стокхолмскиот Скавста е трет најголем аеродром во Шведска, со годишен промет од 2,5 милиони патници.

Албертис управуваше со овие два аеродроми од 2005 година.