Девојче со украдени чекови платило 2600 евра за слатки

Полицијата во Бордо, Франција, на дело фати едно 12 годишно девојче кое месеци наназад користело украдени чекови и со нив купувало слатки во вредност од 2600 евра.

Девојчето во март ги украло чековите од соседите и со нив неколку месеци плаќало за слатките купени во неколку слаткарници, соопшти полицијата

Оваа измама е откриена откако вработените од една слаткарница се обиделе да разменат 23 чекови, што било одбиено од страна на банката.

Девојчето најпрво било испрашувано во полициска станица, а потоа било пуштено, откако неговите родители ја платиле штетата.