Охрид промовиран во Србија

Активностите за промоција на Охрид како туристичка дестинација продолжуваат. Вечерва во Ниш, Република Србија, делегација предводена од заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев и претставници од Секторот за туризам и локален економски развој, пред претставници на туристичките агенции, туроператори, медиуми, новинари и претставници на туристичките комори и општини од централна и јужна Србија, ги презентираа туристичките потенцијали на градот.

promocija_Srbija_2016_4001

Преку организирањето на „Охридска вечер“, присутните имаа можност да се запознаат со охридската традиционална кујна.

promocija_Srbija_2016_4002

Целта на настанот е промоција на Охрид на туристичкиот пазар во централна и јужна Србија, како и остварување на контакти помеѓу туристичките работници од двете земји.

promocija_Srbija_2016_4003