Според Регулаторната комисија за енергетика од полноќ на бензинските пумпи низ државата ќе се точат горива со повисока цена.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,5 денари по што новата цена ќе биде 82,50 денари за литар, додека пак цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе забележи скок од еден денар, па така новата цена ќе биде 84 денари за литар.
Цената на дизелот останува непроменета односно 70 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар и со тоа изнесува 58,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,176 денари за килограм, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 41,707ден.