Сахара Групација: Проектот Џумајлија е реален и остварлив

Во врска со последните изјави на одредени личности од општествениот живот во Македонија, дека проектот Џумајлија не е реален, како Сахара Групација го изјавувавме следново:

Нема ништо чудно и нереално во проектот Џумајлија, ниту пак има некакви тајни или скриени игри. Овој проект е одличен за Македонија како држава, но и за нас како компанија. Секој обид да се прикаже нешто поинаку во јавноста за нас е ништо повеќе од недостаток на знаење или момент на негирање поттикнат од непознавање на последните новини во делот на земјоделието и млечната индустрија. 

Го добивме договорот со Министерството на земјоделство според сите законски регулативи на меѓународен тендер каде наддавањето и добивањето на тендерот беше целосно транспарентен.

Би сакале да појасниме дека за чување на 20.000 грла се потребни само околу 45-50 хектари. За да се намали миграцијата на болести кај грлата, кравите ќе бидат сместени во четири посебни фарми. За изградба на млекарница и фабрика за производство на храна на добитокот потребни ни се помалку од 25 хектари. Остатокот на земјата ќе се користи за производство на храна за добитокот. 

Имаме детален бизнис план за овој проект. Нашите вработени се експерти кои имаат искуство во менаџирање на слични фарми во САД, Европа и Саудиска Арабија, а тоа само го гарантира успехот на овој проект. Секој што е заинтересиран може да посети вакви фарми во Шпанија, Турција каде има слични климатски услови. Други слични фарми може да се видат во САД, во државите Флорида и Тексас. 

Ваков тип на технологија што планираме да ја имплементираме за овој проект во моментов не постои во Македонија и планираме да ги донесеме најнапредните процеси што постојат во светот во овој сегмент. 

Планот на компанијата е со производството на млеко е да се намали увозот на млеко во Македонија и да се замени со квалитетно млеко од домашно производство. Следен таргет пазар е Балканскиот регион. Остатокот од млеко ќе биде наменето за извоз во земјите од Среден Исток и Северна Африка.