17-годишниот австралијанец Феликс Земдегс е новиот Светски шампион во класично сложување на Рубикова коцка. На 3 дневниот турнир во Лас Вегас учество зедоа над 500 натпреварувачи од 37 земји.
Земдегс ја освои титулата откако го постигна просечниот резултат со време од 8,18 секунди. Неговото најбрзо сложување со време од 7,36 секунди не беше најбрзо на овој турнир. Најбрзото сложување на Рубиковата коцка го имаше второпласираниот Матс Валк од Холандија со време од 7,31 секунда, но неговото просечно време беше 8,65 секунди.