На ден 03.06.2017 во просториите на Машински факултет – Скопје се одржа Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) на која учествуваа најдобрите 60 ученици до 15,5 години од нашата држава (од VII, VIII, IX одд.основно и I год. средно). Ученичката Христина Митреска (IX одд.) од ОУ „Христо Узунов“ освои златен медал, ментор Виолета Китеска.
Според постигањата на сите претходни натпревари по математика за основното образование како и олимпијадите од меѓународен карактер за основно и средно образование, кои се одржаа на територијата на Република Македонија во текот на оваа учебна година ученичката Христина Митреска влезе во тимот на Македонската репрезентација на XXI Јуниорска Балканска математичка олимпијада (ЈБМО), што ќе се одржи во Варна, Република Бугарија, во периодот од 24 – 29 јуни 2017 година каде ќе учествуваат најдобрите математичари од 21 држава.