Во пресрет на нашиот голем Државен празник Илинден, празник преку кој се согледува борбата и истрајноста за Македонија, празник во кој се чествуваат сите Илинденци-борци за слободна Македонија и нивното дело за достигнување на слобода и рамноправност, oд срце го славиме и чествуваме овој голем ден како сведоци на нивното дело.
2 Август Денот на Републиката и денот на Второто заседание на АСНОМ длабоко е врежан во нашата историја преку која се сеќаваме на борбите за идеалите слобода и еднаквост, идеали кои ги живееме во сегашноста, а должни сме да ги пренесеме на идните поколенија, стои во честитката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид.