Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 8 Август 2013 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.