Гудачкиот квартет „Савинио“ и Костантино Катена вечерва во црквата Св.Софија

Во рамките на „Охридско Лето“, вечерва со почеток во 21:00 часот во црквата Св.Софија ќе настапат гудачкиот квартет „Савинио“ како и Костантино Катена – пијано, од Италија.

Квартетот „Савинио“ го вбројуваат меѓу најдобрите ансамбли од ваков вид, одбележувајќи ја енергијата, техничката перфекција, инвентивноста на интерпретацијата. Создаден во 2004 г., квартетот веднаш го привлече внимание на слушателите и набрзо се закити со бројни награди на престижните меѓународни натпревари. Квартетот настапува во најдобрите концертни сали во Италија и ширум светот (Русија, САД, Германија, Франција, Шпанија, Турција, Бразил, Англија и др.). Тој е гостин на значајни настани како одбележувањето на годината на Моцарт, остварува премиерни изведби на делата од современи композитори, соработува со истакнатите музичари од различни земји. Во сезоната 2012-13 Квартетот „Савинио“ започна циклус на изведбите на сите квартети на Л. ван Бетовен. Одбележувајќи ја 50-годишнината на „Битлз“, квартетот учествува во шоуто “The Fool on the Hill” создадено заедно со G. Bandini и S. Valanzuolo за наратор и квинтет со гитара. За своите снимки издадени од DECCA и други издавачки куќи Квартетот „Савинио“ е добитник на повеќе награди. Музичарите одржуваат бројни мастер класи и се професори по квартет на Accademia Internazionale “Aemas” во Неапол. Во 2011 г. Квартетот ја добил L’Aquila Carloni Award 2011 како најдобриот млад италијански изведувач на годината.

Костантино Катена е добитник на повеќе награди на националните и меѓународните натпревари, пијанист кој гради успешна кариера како солист и камерен музичар, настапувајќи во европските земји, Австралија, Јапонија, САД и соработувајќи со водечките музички уметници од различни земји. Во 2011 г., по повод одбележувањето на 200-годишнината од раѓањето на Ф. Лист, учествувал во интегралната изведба на неговото пијанистичко творештво во Италија, а снимил и неколку компакт дискови со неговите дела. Предава на Државниот конзерваториум “S. Giacomantonio” во Козенца, како и на други музички институции во Италија, Русија, Турција, Полска и др.