Пет лица се повредени при контролирано рушење на напуштена електрана во Бејкерсфилд во Калифорнија.
Локалната полиција соопшти дека после експлозијата се разлетале шрапнели, а еден 43 годишен човек ја изгубил ногата. Уште четири други лица се здобиле со полесни повреди, нив им била укажана прва помош на лице место.
Според локалните противпожарни служби, најмалку 1000 луѓе се собрале да го гледаат рушењето на зградата.