Пандев повторно стрелец, Наполи изгуби 1:3 од Порто

Во вториот натпревар од „Емирати Купот“ Наполи имаше предност во првото полувреме со голот на Пандев од пенал во 43 минута. Наполи замина на полувреме со предност од 1:0, но подоцна во натпреварот Порто успеа да постигне 3 голови и да триумфира на овој натпревар.

Во другиот натпревар од „Емирати Купот“ Арсенал изгуби со 1:2 од Галатасарај.

WebOhrid