Компанијата ИКЕА објавила оглас за вработување на 200 работници во фабриката за мебел во Италија. На огласот се пријавиле дури 28.616 кандидати.
Шведската компанија соопшти дека Одделението за човечки ресурси почнало да ги разгледува биографиите од пријавените кандидати и дека избраните ќе бидат викнати на интервју на почетокот од септември.
Степенот на невработеност во Италија изнесува дури 12,1%, додека пак во јуни степенот на невработеност кај младите изнесувал 39,1%.