Богослужби по повод празниците Св.Петка и Св.Климент

По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ – с. Велгошти, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека вечерва, 7 август 2012 година (среда), во манастирот „Света Петка“, с. Велгошти, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот.

На 8 август 2011 година (четврток), во манастирот „Света Петка“, – с. Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8:30 часот.

Света архиерејска литургија, по повод празникот на „Света Петка“, ќе се служи во црквата „Света Петка“ во манастирот Свети Наум Охридски, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите други парохиски цркви во Охрид.

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон““- Плаошник, Охрид, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 8 август 2011 година (четврток) – вечерта, во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со почеток во 19 часот.

На 9 август 2011 година (петок), во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.