Традиционална крводарителска акција „Плаошник 2013“ на 8 и 9 август

И оваа година, Црвен крст Охрид во соработка со трансфузиолошките служби на 8 и 9 август ја организира традиционалната крводарителска акција „ПЛАОШНИК 2013“.

Акцијата ќе се одвива во два дела, започнува на 8 август (четврток) од 18:00-24:00 часот, а ќе продолжи наредниот ден 9 август (петок), од 9:00-14:00 часот.

Се повикуваат нашите сограѓани и гости на платото пред црквата Св.Климент на Плаошник, да ја покажат својата хуманост и даруваат крв. На сите оние кои ќе дарувааат крв, организаторот на акцијата ќе им возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеќавање на хуманиот гест.