Сончевото магнетно поле наскоро ќе се преврти

Сончевото магнетно поле наскоро ќе се преврти, односно ќе се смени поларитетот на спротивното поле. Ова се случува на секој временски циклус од 11 години, изјавија научниците од Соларната опсерваторија Вилкокс, од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, кои ја пратат магнетната активност на Сонцето веќе 3 децении.

Научниците наведуваат дека замената на половите, која ќе се случи за неколку месеци, ќе ја следи изразито интензивна сончева активност, феномен кој се нарекува Сончев максимум. Тоа може да предизвика електромагнетни пертурбации на Земјата, промена на климата и дефекти во електричните мрежи и сателитите.

Сончевото магнетно поле од 1976 година, откога научниците почнале да го проучуваат, извршило три замени на половите, а до крајот од оваа година ќе следува уште едно. Затоа на површината на сонцето можат да се видат темни дамки, таканаречени магнетни завршетоци кои исфрлаат наелектризирани честички во вселената. Некои од тие честички допираат и до нашата атмосфера, односно можат да предизвикаат магнетни бури кои можат да го нарушат функционирањето на електричните мрежи и да предизвика дефект на сателитите.

Во 1989 година, еден ваков дефект предизвика прекин на струјата во Квебек, Канада.