Нацев и Дробаров ќе печалат во Мексико

Ангел Нацев и Влатко Дробаров се нови засилувања за Мурсиелагос, тим кој настапува во Втората дивизија во Мексико.

23 годишниот напаѓач Ангел Нацев дојде од Турново, а има настапувано и за Брегалница и за Силекс.

Влатко Дробаров е играч од одбраната, има 20 години, минатата сезона беше член на Тетекс, а има настапувано и за Напредок, Скопје и Вардар.

За „Лилјаците“ во петокот не настапија нашите интернационалци како и третото засилување Цезар Ромеро, поради некомплетна документација за нивните трансфери. Се очекува тие да дебитираат на следниот натпревар, на 17 август, кога Мурсиелагос игра против Рејноса.

WebOhrid