Од ноќеска на полноќ горивата ќе се точат поевтино, бензините за 1,50 денари, а дизелот поевтинува за половина денар. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се точи за 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82,50 денари, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото ќе биде 69,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава за пониска цена од 58 денари, мазутот за 41,410 денари за килограм.